Го снимиле сопствениот убиец: Наредниот ден ги пронашле нивните мртви тела (видео)

Сподели со своите пријатели

Двете девојчиња, 14-годишната Либерти Герман и 13-годишна Абигејл Вилијамс, биле пронајдени мртви во Индијана мината седмица, а полицијата објавила фотографија од мажот осомничен за нивното убиство.

Фотографијата ја направила една од девојките пред да биде убиена. Нивните тела биле пронајдени во близина на железнички мост, каде девојчињата отишле на прошетка, бидејќи тој ден немале настава.

Loading...

Либерти ја направила фотографијата од убиецот, но и кратко видео на само неколку моменти пред смртта. Фотографијата ја објавила канцеларијата на шерифот од округот Карол во сојузната држава Индијана.

“Девојката е херој”, рекла полицијата на конференцијата за новинари и ја споделила снимката со медиумите.

Полицијата се сомнева на двојно убиство. Велат дека девојките требале, по прошетката, на одредено место да ги почекаат членови на нивните семејства, но тие не се појавиле.