Сликата на канадскиот уметник Мод Луис „Црн камион“ е продадена на аукција за 350.000 канадски, или 272.000 американски долари, за 10 пати повеќе од проценетата сума.
Сето ова немаше да биде нешто импресивно да не беше интересна приказна.
Мод Луис цел живот живее во сиромаштија, а сликата ја продал пред 50 години за сендвич со врело сирење. По документарниот филм за неа, уметничките дела на оваа уметница станале премногу барани.
Пред оваа аукција, највисоката цена платена за една нејзина слика била 52.435 долари
Инаку, Мод и нејзиниот сопруг ги продавале своите слики покрај пат, а како што стареела, таа се помалку сликала поради ревматоиден артритис.
Нејзините дела добија меѓународна репутација само неколку децении по нејзината смрт. Животот на Мод Луис е прикажан во документарниот филм „Моди“ од 2016 година.
Аукциската куќа објави дека купувачот платил илјадници долари повеќе за „Black Truck“ затоа што го гледал филмот ден пред аукцијата.
Ајрине Демас, која ја добила горната слика за топол сендвич како млада готвачка, за Гардијан изјавила дека не верува за колку пари е продадено ова дело.