Го преживеал Холокаустот, но не и бомбардирањето во Украина

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи се шири информација дека 96-годишен маж кој преживеал неколку концентрациони логори во Втората светска војна е убиен во бомбардирањето на украинскиот град Харков.

Loading...

Борис Романченко загинал кога бомба ја погодила станбената зграда во која живеел, објави Фондацијата за сеќавање на жртвите од камповите Бухенвалд и Мителбау-Дора.

 

 

„Со ужас јавуваме за насилната смрт на Борис Романченко во војната во Украина. Поранешен затвореник и потпретседател на Меѓународниот комитет за Украина Бухенвалд-Доре почина во петокот во Харков.

Бомбата ја погодила станбената зграда во која живеел. Неговиот стан изгоре до темел“, напишаа тие на Твитер.

Во соопштението се истакнува и дека Романченко ги преживеал концентрационите логори Бухенвалд, Мителбау-Дора и Берген Белсен.

Loading...

 

 

Информацијата на Твитер ја сподели Министерството за одбрана кое напиша:

„96-годишниот Борис Романченко, преживеан од нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд, беше убиен во бомбардирањето на Харков. Путин успеа да го постигне она што дури ни Хитлер не успеа да го постигне“.

Скај њуз ја забележува суровата и вознемирувачка иронија на оваа вест бидејќи режимот на Путин тврди дека се бори за „денасификација“ на Украина.