Го полните погрешно вашиот мобилен: Еве зошто батеријата брзо се троши

Сподели со своите пријатели

Самсунг и Епл се согласуваат дека најдобро е батеријата да биде наполнета до 50 отсто бидејќи тоа ќе помогне да и се продолжи животниот век

Loading...

Производителите на мобилни телефони често „забораваат“ да ги информираат клиентите за правилното полнење на уредот – затоа што тоа едноставно не им оди во прилог.

Батериите во нашите смартфони имаат ограничен век на траење и доколку ги полниме неправилно, се јавуваат сериозни проблеми.

 

 

Повеќето луѓе го полнат телефонот во текот на ноќта додека спијат, а тоа всушност е голема грешка, пишува Business Insider.

Полнењето на телефонот цела ноќ и оставањето на уредот на полнач, дури и кога ќе достигне 100 проценти полнење, не е добро за батеријата бидејќи го забрзува процесот на нејзино слабеење.

Loading...

Сепак, неизбежно е батеријата да ослабне со текот на времето, но ако продолжите да го полните телефонот вака, неговото просечно слабеење значително ќе се забрза. Сепак, Гугл тврди дека ова е само застарено верување и дека смартфонот ќе го запре процесот на полнење кога батеријата ќе достигне 100%.

 

 

Тогаш како да го наполните телефонот?

Литиум-јонската батерија е најслаба ако ја чувате на 30 или 50 проценти полнење. Самсунг и Епл се согласуваат дека најдобро е батеријата да биде наполнета до 50 отсто, бидејќи тоа ќе помогне да и се продолжи животниот век.

Сепак, повеќето корисници на паметни уреди немаат можност да ја одржуваат батеријата на 30-50 проценти бидејќи на повеќето им е потребна за да трае што подолго, особено ако знаат дека некое време нема да имаат приклучок во близина. Најважно е батеријата да не се полни 100 проценти подолго време, затоа избегнувајте да го полните уредот во текот на ноќта.