Го пиете секојдневно, но дали знаете кое животно го открило кафето? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Не е тајна дека кафето може да ве натера да побарате итно … тоалет. Многу луѓе имаат утрински ритуал поврзан со пиење на чаша кафе со одредена цел – прочистување на цревата или кажано на народен јазик – “одење по голема потреба”.

Според една неодамнешна студија на American Chemical Society, лаксативниот ефект на кафето не е целосно разбран, пишува health.com.

ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење

Loading...

Многу луѓе го посочуваат кофеинот како главен “провокатор” на цревата, но експертите објаснуваат дека ако ова беше вистина, газираните и енергетските пијалаци требаше да имаат ист ефект. Наместо тоа, ефектот кој мислиме дека кафето го има се должи на комплицираната интеракција помеѓу дигестивниот систем и природните хемикалии во кафето. Киселините во кафето предизвикуваат производство на повеќе стомачни киселини, а тоа од своја страна ја зголемува брзината со која овие киселини се излеваат од желудникот во цревата.

Кафето исто го зголемува производството на хормони кои го предизвикуваат тенкото црево и кои ја поместуваат содржината кон дебелото црево. Кое од сите повеќе од 1.000 различни хемиски соединенија во кафето сепак го предизвикува ова не е сосема јасно.  Друг интересен факт е дека само 3 од секои 10 луѓе велат дека кафето им делува како пургатив. Значи, ако кафето ве тера да го посетувате тоалетот рано наутро, сметајте се себеси за посебен, се шегуваат експертите.

Pages: 1 2

Leave a Reply