Го пиете секојдневно, но дали знаете кое животно го открило кафето? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето ширум светот не можат да замислат почеток на денот без шолја кафе, но многумина не знаат дека оваа растение го открило едно домашно животно.

Според етипската легенда, кафето води потекло од една тамошна висорамнина, каде козите на еден сточар откриле кафе во потрагата по храна.

Имено, сточарот Калди решил да ја испита билката која неговите кози ја јаделе, а потоа стнувале поенергични и не спиеле цела ноќ. Сточарот своето откритие го споделил со монасите во манастирот, а тие потоа направиле напиток од оваа црвено зрно.

Американските војници креираа алгоритам за вистинско време за пиење кафе

Loading...

Еден од монасите кои го пробал напитокот, рекол дека го држел трезвен во текот на целата полноќна молитва. Така приказната за овој чудотворен напиток се ширела, се од арапскиот полуостров, каде започнало одгледувањето и продажбата на зрната кафе.

Во Европа првин не биле толку воодушевени кога патниците од Блискиот исток донеле ваков пијалак. Го сметале за „сатанистичко искушени“. Контроверзата која се кренала околу овој напиток толку земала замав што во еден момент папата Клемент Седми морал да интервенира. Тој решил да го проба напитокот пред да донесе одлука за забарана, но бидејќи кафето му се допаднало, дал дозвола.

До крајот на 17. век кафето се ширело низ целиот свет, а многу луѓе виделе можност за профит со одгледувањето и продажбата на зрната. Се формирале „кафе кучи“ во кои се собирале луѓе со различни професии.

СРУШЕН УШТЕ ЕДЕН МИТ: Шолјата кафе лекува мамурлак

Денес, одледувањето и производството на кафе е дејност со која се занимаваат околу 25 милиони земјоделци, во над 50 земји во светот, а зрното кафе станало најразменувано земјоделско добро во светот.

Кафето во просек го пие секој втор човек, а истражувањата покажуваат дека оние кои консумираат пијат по една и пол шолја кафе дневно. Финска ги соборува рекордите во пиење кафе, затоа што годишно се трошат 12 килограми кафе по жител, поточно три и пол шолји дневно.

На следната страница дознајте Дали кафето навистина протерува?

Pages: 1 2

Leave a Reply