Го оставила сопругот и се омажила за нејзиниот свекор: Поранешните сопружници ја поддржуваат нивната љубов!

Сподели со своите пријатели

Ерика Кигл (31), која се омажи за својот поранешен свекор, постар од неа 30 години, тврди дека и покрај разликата во возраста, таа ја пронашла својата сродна душа.

Loading...

Со нејзиниот сегашен сопруг Џеф (60) се запознала кога имала само 16 години. Се дружела со неговата ќерка, а подоцна била во врска со неговиот посинок Џастин кој и станал прв сопруг.

По неколку години, кога нивните бракови почнале да се распаѓаат, тие нашле утеха еден во друг. Во 2011 година, Ерика поминала низ тежок период со Џастин, а тогашниот очув на нејзиниот сопруг и бил неочекувана поддршка.

 

 

 

Таа се обидела да одолее на своите чувства, но во 2017 година, браковите се распаднале. Ерика не сакала да ги повреди најблиските, но Џеф и признал љубов во 2017 година и токму тогаш тие одлучиле да и дадат шанса на нивната врска.

Loading...

Сега се во брак и имаат двегодишна ќерка Брексли, а поранешните сопружници им дале благослов.

– Звучи скандалозно, но не можевме да ја скриеме таа љубов. И покрај сè, нашата врска сега е совршена. Џеф има млада душа, додека мојата е стара. Тој се смее кога го велам тоа, но сè се покажа како што треба. Мојот поранешен сопруг Џастин е полн со разбирање. Ние сме во добри односи. Нема повеќе омраза меѓу нас. Зборуваме за нашиот син и продолживме со животот – откри Ерика за Мирор.

Џастин бил пријател на нејзиниот брат и се омажила за него кога имала 19 години поради семејниот притисок. Но, тие биле едноставно премногу различни и наскоро почнале да имаат проблеми што ниту дете не можело да ги спаси.

 

 

„Имав долги разговори со него за тоа дека не сакам да го повредам, но се обидов да му објаснам дека мојата љубов и љубовта на Џеф беше едноставно премногу силна“, се присетува Ерика, додавајќи дека Џастин на крајот и рекол дека не можеме да избереме во кого ќе се заљубиме.

Џеф станал нејзино рамо за плачење на крајот на 2015 година, а една година подоцна, неговиот брак се распаднал. Тој ја запросил Ерика само неколку недели откако се преселил во заеднички дом. Наскоро дознале дека ќе имаат дете и се венчале.

Loading...

– Едноставно многу брзо се вклопивме. Многу добро си одговараме, заклучи Џеф.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *