Го нарекуваат „Згодниот“: Кој е Педро Санчез, старо-новиот премиер на Шпанија?

Сподели со своите пријатели

Педро Санчез ја доби поддршката од мнозинството од опозицијата во шпанскиот парламент за формирање нова влада, со што стави крај на четиримесечната политичка парализа во Мадрид.

Loading...

51-годишниот премиер победи на гласањето во 350-члениот парламент на Шпанија и ги доби гласовите од сите левичарски и сепаратистички групи.

Санчез беше поддржан од вкупно 179 пратеници.

Победата на Санчез во парламентот го затвора периодот на политички пресврт што започна во мај, кога лидерот на социјалистите распиша предвремени избори откако неговата партија претрпе катастрофални загуби на регионалните и локалните избори низ целата земја.

Санчез тогаш рече дека Шпанците треба „да разјаснат кои политички сили сакаат да го преземат водството“ и дека е време да им се дозволи на гласачите да „го дефинираат политичкиот правец на земјата“.

Кој е Педро Санчез?

Педро Санчез е шпански економист и политичар кој е премиер на Шпанија од јуни 2018 година.

Студирал и во Брисел, каде во 1998 година се стекнал со диплома за политика и економија, а четири години подоцна докторирал.

Покрај таа функција, тој е и генерален секретар на Шпанската социјалистичка работничка партија (од 2014 година).

Loading...

Роден во Мадрид на 29 февруари 1972 година. За време на студиите бил член на кошаркарскиот тим Естудијантес.

Завршил два постдипломски курса: магистер по економија на ЕУ на Слободниот универзитет во Брисел и диплома за напредни европски студии за економска и монетарна интеграција на универзитетскиот институт Ортега и Гасет.

Во 2012 година, Педро Санчез докторирал по економија на Универзитетот Камило Хозе Села, каде предавал економија.

Пред да стане универзитетски предавач, работел како советник во Европскиот парламент и бил член на кабинетот на високиот претставник на Обединетите нации за Босна и Херцеговина.

Тој е висок 190 см и го нарекуваат „Згодниот“ (Ел Гуапо).

Од 2006 година е во брак со Марија Бергоња Гомес Фернадес, со која има две ќерки – Калота и Аинхоа.