Го менувал името и членувал во секта: Работи кои не сте ги знаеле за познатиот „Џокер“

Сподели со своите пријатели

Актерот кој во моментов ужива голема популарност меѓу припадничките на понежниот пол е Хоакин Феникс, поради улогата на „Џокер“ во новиот истоимен филм.

Loading...

Она што многумина ги заинтригира за Феникс е неговиот лик и фактот дека малку се знае за неговиот приватен живот. Од 2016 година, Феникс се дружи со актерката Руни Мар, а годинава, тие се свршиле.

https://www.instagram.com/p/B5AbzCllAy4/

Тимот на списанието „Ел“ (Elle) се занимавале со минатото на актерот и откриле факти и занимливости за него што веројатно не сте ги знаеле.

Еден дел од неговиот живот беше наречен Лиф

Кога бил дете, Хоакин бил љубоморен на живописните имиња на неговите браќа и сестри, Ривер (River, река), Рејн (Rain, дожд), Самер (Summer, лето) и Либерти (Liberty, слобода), па решил да го смени неговото име во Лиф (Leaf, лист). Сепак, ова не траело долго, па на 11-годишна возраст го вратил името Хоакин.

Тој бил член на секта, поради што го сменил презимето

Сите членови на неговото семејство биле во сектата Божји деца (Children of God), поради која извесно време живееле во сиромаштија во Венецуела.

За среќа, родителите на актерот сфатиле дека водачот на сектата е опасен и злобен, па се вратиле во Америка.

Loading...
https://www.instagram.com/p/B4xw86lF1Dd/

Покрај тоа, подоцна се дознало дека некои членови на секта сексуално го злоставувале братот на Хоакин, Ривер. За да не ги поврзуваат со таа секта, го смениле своето презиме во Феникс.

Тој е страствен љубител на животни

Феникс е веган уште од детството и не сака да носи ништо од животинско потекло на сетовите.

Тој е голем борец за правата на животните, а на снимањето за Прада, одбил да носи вистински кожни чевли, па рекламата ја снимил бос.

Премногу се поти за време на снимањето поради нервоза

Хоакин Феникс откри дека секогаш има трема кога снима филм и токму затоа се поти толку многу што во рок од еден час менува дури и неколку маици.

https://www.instagram.com/p/B4H_O64lzvd/

Никогаш не ги гледа неговите филмови

Имено, актерот смета дека гледањето филмови во кои игра може негативно да влијае на неговата понатамошна работа и затоа никогаш не ги гледа. Тоа го прават и неговите колеги Џони Деп и Мерил Стрип.

Loading...

Неговиот покоен брат бил тинеџерска актерска ѕвезда

Ривер Феникс станал ѕвезда во детството како актер во филмовите „Stand by Me“ и „My Own Private Idaho“. За жал, на 23-годишна возраст, тој починал поради предозирање, што предизвикало Хоакин да се повлече од актерската сцена на некое време.

Leave a Reply