Го лажирал сопственото киднапирање за да избега од работа: Го нашле со врзани раце и банана во устата

Сподели со своите пријатели

Маж од Аризона бил толку очаен да избега од работа, што сам си организирал киднапирање, објавија властите.

Loading...

Брендон Соулс (19) бил пронајден со рацете врзани зад грб и банана во устата во близина на водената кула на почетокот на овој месец, објавија локалните медиуми.

Соулс им соопштил на властите дека бил киднапиран од две маскирани лица и удрен во главата, по што изгубил свест, пренесува Њујорк пост.

 

 

Мажите потоа го одвезле и го оставиле таму каде што подоцна бил најден, наводно им рекол Соулс.

Сепак, по спроведената истрага, детективите не нашле докази дека се случило киднапирањето, пренесуваат медиумите.

Loading...

Младиот човек тогаш им признал на властите дека „измислил приказна за да излезе од работа“.

Тој беше уапсен на 17 февруари за лажно пријавување во полиција.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *