Го лажирал сопствениот грабеж за да избегне брак

Сподели со своите пријатели

Мала драма се одвивала во градот Агринио во западна Грција, која добила судски епилог, идниот младоженец инсценирал грабеж за да ја избегне венчавката.

Loading...

Како што пишува грчкиот Сити Тајмс, се започнало кога двајца мажи со фантомки упаднале во куќата на една двојка со намера да ја ограбат и да одземат накит, пари и други вредни предмети. Но, кога станарот ги нашол, го врзале, го претепале, му ставиле завој на устата и го оставиле во бессознание. Барем така изгледaло на прв поглед.

Мажот го пронашле роднините и итно бил пренесен во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Некои луѓе се родени да изневеруваат, но зошто е тоа така?

 

 

Како непријатна последица на овој настан, откажана е свадбата на жртвата и неговата избраничка, која била закажана само два дена подоцна.

Несудениот младоженец веќе долго време бил болен. Но несакал повторно да прави свадбата.

Loading...

Но, неколку месеци подоцна, на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани многу противречности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, а тој на крајот признал дека грабежот не се ни случил.

Никој не го врзал и никој ништо не украл. Тој, сепак, тврдел дека некој друг го претепал, поради лични причини, па го измислил грабежот затоа што се срамел да се појави на свадбата претепан. Што ќе мислат невестата и нејзиното семејство за него?

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Kоја земја има најмногу временски зони? Не е Русија!

Тој призна дека згрешил што не ја кажал целата вистина.

 

 

Против него е поднесена кривична пријава за давање лажни изјави и измама на полицијата.

Меѓутоа, по извесно време го тужела неговата поранешна вереница, која со месеци била збунета поради грабежот и дека тој ја спречил свадбата. Таа сега е убедена дека инцидентот бил исцениран само за да нема венчавка.

Loading...

Таа дури тврди дека некои вредни предмети, кои исчезнале по наводниот грабеж, никогаш не и биле вратени.

Така таа останала без нив и без младоженецот.