Оваа приказна во Индија предизвика различни рекации и поделени мислења во јавноста за тоа дали „љубовниот чин“ е доказ на екстремна посветеност или екстремна необичност.
Свесен за неминовната смрт по каснувањето на змијата отровница, Шанкар Раи од индиската држава Бихар ја каснал својата сопруга за да заедно заминат во смртта.
Жената преживеала затоа што навреме и била укажана лекарска помош. Шанкар Раи го каснала змија во текот на ноќта додека спиел. Кога се разбудил и сфатил што се случило бил свесен дека ќе умре.
Индиецот тогаш рекол на својата сопруга Амира дека толку ја сака што сака да умрат заедно, а таа го притиснала со каснување да и пренесе дел од отровот кој змијата го внела во неговото тело.
Докторот Јајкант од локалната болница рекол дека партнерите без свест биле префрлени во болница.
Шанкар почина, а Амира успеавме да ја спасиме, затоа што лекувањето започна навреме – вели Јајкант и додал дека Амира Раи моментално е надвор од животна опасност.
Амира за „Индија тудеј“ рекла дека Шанкар сакал да умре заедно со неа и дека му дозволила да ја касне за зглобот на раката и така да и пренесе доза на отров.
Оваа приказна во Индија предизвикала различни реакции и поделени мислења на јавноста за тоа дали „љубовниот чин“ е доказ на екстремна посветеност или екстремна необичност.
Loading...