Го емитуваше своето самоубиство во живо: Снимката ја погледнале милиони луѓе

Сподели со своите пријатели

Еден маж го пренесуваше сопственото самоубиство во живо на Фејсбук пред неговите преплашени пријатели кои безуспешно се обидоа да го спасат.

Loading...

Вознемирувачкото видео за самоубиството на Рони Мекнат стана вирално на социјалните мрежи откако беше споделено илјадници пати – предизвикувајќи лавина бес против најголемите глобални социјални мрежи што не сториле ништо за да го спречат нејзиното понатамошно циркулирање.

Сега социјалните мрежи, вклучително и „ТикТок“, брзаат да го отстранат клипот, што беше споделен на глобално ниво меѓу корисниците.

 

 

Но, клипот е веќе споделен на глобално ниво – вклучително и на страницата „For you“ на Тикток со популарни објави, каде потенцијално може да го видат стотици илјади млади корисници на оваа платформа.

После една недела, таа социјална мрежа сè уште се бори да ги отстрани снимките.

Loading...

Некои од корисниците на апликацијата велат дека се треселе откако, не очекувајќи таков исход, гледале видео што започнува со телефонски повик од човек со брада. Пријателот на Рори, Џош Стин, вели дека водечките социјални мрежи не сториле доволно за да спречат понатамошно дистрибуирање на видеото.

Стин рече дека „Фејсбук можел да го запре ова, но не го сторил тоа“, додавајќи дека оваа социјална мрежа е „директно одговорна“ за споделување на видеото.

 

 

Еден „твитерџија“ советуваше „ако го видите ова момче на својата страница „For you“ со популарни објави, веднаш преминете на друга содржина“.

– Одвратно е и топло препорачувам да се држите настрана од ТикТок некое време.

Корисниците останаа во шок откако ги видоа снимките

Loading...

Еден корисник рече дека се тресел откако ја погледнал снимката која е „многу застрашувачка и крвава“.

Официјални лица во ТикТок велат дека ќе ја го изгаснат профилот на секој што ќе ја објави или сподели снимката.

Пријателите на МекНат зборуваа за ужасите што ги снашле по неговата трагична смрт.

– Ве молам, сега молете се за семејството на Рони МекНат. Само што се самоуби во директен пренос на Фејсбук и не можам да го извадам од главата. Се обидов да дојдам до него, но очигледно не доволно брзо. Почитуван Боже, би сакал да стигнев до него – рече еден од нив.

МекНат, воен ветеран кој служел во Ирак, почина во Мисисипи на 31 август.

 

 

Loading...

– Во неделата вечерта, снимките од самоубиството што биле пренесувани во живо на Фејсбук стигнаа до другите платформи, вклучувајќи го и ТикТок – изјави нивниот ПР.

– Нашите системи автоматски ги детектираа и обележаа овие снимки за кршење на нашата политика за содржина што прикажува, охрабрува, величи или промовира самоубиство. Ние ги бришеме профилите на оние кои постојано се обидуваат да ги објават снимките и им благодариме на членовите на нашата заедница кои ја пријавија содржината и ги предупредија другите за тоа, без оглед на која платформа се наоѓаат, поради почит кон починатиот и неговото семејство. Ако некој во нашата заедница се бори со „црни мисли“ или е загрижен за некој друг, го охрабруваме да побара помош со јавување на телефонските броеви што можете да ги видите директно во нашата апликација или во нашиот Центар за безбедност.

Официјалните лица од Фејсбук исто така се огласија.

– Ја отстранивме оригиналната снимка од нашата мрежа, минатиот месец, на денот кога се емитуваше, и со помош на технологијата, отстранивме копии од истата и спречивме понатамошно споделување од тој момент. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Рони во овие тешки моменти.

МекНат работел за Тојота во Блу ​​Спрингс, Њу Олбени. Постојат непотврдени гласини дека тој изгубил работа и раскинал со својата девојка пред немилиот настан. Сепак, неговиот пријател Стин се сомнева дека Рони започнал да снима со намера да си го одземе животот. Тој рече дека МекНат често знаел да се вклучи на Фејсбук во живо и да „разговара“, но во овој случај тој бил „неверојатно пијан“ и дека „со неодамнешните проблеми што ги имал во емотивната врска, тоа довело до трагичен исход“.

 

Loading...

 

МекНат бил член на црковната заедница во Тупел, од чија страница на Фејсбук пристигнала потврда за неговата смрт на 1 септември.

– Среде трагедијата што се случи синоќа, ние сочувствуваме со семејството Мекнат во овој период поради смртта на нашиот брат во верата на Исус, Рони МекНат – објави црквата.

– Рони же им недостасува на сите што го познаваа. Тој беше многу грижлив, посветен, лојален, поддржувајќи ги другите и ексцентричен. Тој верно и служеше на својата црква и беше сакан од сите. Иако околностите на неговата смрт се трагични, ние наоѓаме утеха кај нашиот Творец, верувајќи дека поради неговите признанија и претворање во Христовата вера, Рони сега е пред нашиот Татко.

Loading...

Leave a Reply