Глумецот Закери Тај Брајан уапсен за напад врз својата девојка

Сподели со своите пријатели

Познатиот американскиот глумец Закери Тај Брајан (39) викендов бил уапсен за напад со давење на својата 27-годишна девојка.

Loading...

„Истрагата покажа дека, според наводите, Брајан ја нападнал жртвата, ѝ го запрел дишењето и ѝ го одзел телефонот кога таа се обидела да повика брза помош“, се вели во полицискиот извештај.

Закери Тај Брајан е можеби најпознат по хумористичната ТВ-серија „Работа околу куќата“ (Home Improvement).

Слободан Иванов


Leave a Reply