Глигоријевиќ потпиша за Куманово

Сподели со своите пријатели

Српскиот интернационалец Стефан Глигоријевиќ е новото засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово кој скоро и да го комплетираше целиот ростер за претстојната сезона.

Станува збор за едногодишна соработка на кошаркарот со кумановскиот клуб која беше официјализирана денеска.

Loading...

Во Куманово, Глигоријевиќ доаѓа од тимот на Работнички, а претходно играше и во Блокотехна и АВ Охрид. Висок е 203 сантиметри, а има 21 година.

Ова е уште едно засилување во низа на „сино-белите“ кои претходно освен што обновија дел од договорите со старите кошаркари, се засилија и со Американците Џон Шелби и Хулио Гуити.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *