Глетка од бајките: Рајски куќички во џунглите на Костарика

Сподели со своите пријатели

Ако замислувате идеален одмор далеку од вообичаените туристички дестинации, овие уникатни вили ќе ви дадат можност да ги запознаете скриените области на Костарика, на чекор од џунглата, и опкружени со луксуз.

Loading...

Студиото „Архверк“, предводено од архитектите Мартин Клод и Хана Прочазова, создале „Коко“ – комплекс од мали куполни вили, сместен во бујната вегетација на Костарика.

 

 

Невообичаената форма на куќите потекнува од природата, со цел да се вклопи во нивната околина што е можно похармонично.

Инспирирани од овалната форма на семето, вилите бришат јасни граници помеѓу екстериерот и ентериерот за да им овозможат на посетителите уникатно искуство.

Комплексот вклучува пет помали индивидуални структури поврзани со пространи платформи, како и голема тераса „Крило“, разноврсен простор што служи за различни намени.

Loading...

Објектите се дел од одморалиштето „Art Villas“ – уникатно одморалиште каде дизајнот и архитектурата хармонично се мешаат со природната средина, џунглата и рајските плажи.

 

 

Колибите Коко се поврзани со патеки и платформи кои „лебдат“ високо над земјата, и им овозможуваат на гостите и сите колиби да пристапат до централниот објект Коко што служи како заедничка дневна соба, кујна и трпезарија.

Внатрешноста на куќата е украсена од чешката архитектонска фирма „Формафатал“. Воздушниот и светлиот ентериер е поделен само со потребните прегради со цел да се одделат различните зони на куќата – спалната соба, бањата и гардеробата.

Креветот е опкружен со заштитна мрежа која штити од инсекти и истовремено го формира јадрото на куќата „Коко“, која го следи обликот на надворешните sидови.

Посебниот шарм на вилите го обезбедуваат импресивните наслони на креветот, изработени од плетен конец и канап, со различна комбинација на бои во секоја куќа.

Loading...

 

 

Една од карактеристиките на ова необично одморалиште е тоа што секое негово крило е дизајнирано и опремено од различна архитектонска фирма.

Така, покрај куќите „Коко“ и терасата „Крило“, во рамките на одморалиштето има и вили „Ателје“ и „Арт“ вили со бесконечен базен, што се карактеризира со различен дизајн, но иста отвореност и поврзаност со природната средина.

Leave a Reply