„Главниот предизвик за ЕУ е да ја задржи Русија што е можно подалеку од нејзините граници“

Сподели со своите пријатели

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски изјави дека главниот предизвик за Европската унија е да ја држи Русија што подалеку од нејзините граници.

Loading...

– Редовно им кажувам на сите во Европа дека нашиот главен предизвик е да ја држиме Руската Федерација што подалеку од нашите граници. Кон тоа треба да биде насочена нашата политика. Дискусиите не се лесни, но гледаме дека на крајот европските земји се способни да постигнат договор – вели Липовски во интервју за чешката новинска агенција ЦТК.

Тој додаде дека помошта за Украина – „воена, хуманитарна, финансиска, политичка и морална“ – исто така е од корист за европската безбедност.

– Ако Украина падне, ќе се соочиме со Русија буквално на границите на Европската унија, многу блиску до Чешка и не смееме да дозволиме тоа да се случи – рече Липевски.

Тој изјави дека во Украина има замор од војната, додавајќи дека тоа се манифестира на различни начини.

– Меѓутоа, ако е вистина дека сме уморни од сопствената безбедност, тогаш го губиме суверенитетот и слободата – изјави шефот на чешката дипломатија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.