Главниот координативен кризен штаб допрва ќе ги разгледува предлог мерките на Комисијата за заразни болести

Сподели со своите пријатели

Во врска со најавата на министерот за здравство Венко Филипче за нови мерки за заштита и превенција од КОВИД-19, предложени од Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, портпаролите на Владата на новинарско прашање појаснија дека овие мерки ќе бидат разгледани на првата наредна седница на Главниот координативен кризен штаб, а потоа ќе бидат предложени за усвојување на седница на Владата.

Loading...

Предложената мерка на Комисијата е донесена со консензус и со неа се предвидува сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа при одење на работното место да покажат потврда за примена најмалку една вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе приложат потврда за прележан КОВИД-19, не постар од 45 дена, или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.

Комисијата за заразни болести препорача вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките предложени денеска, да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата со цел граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.

Се препорачува на овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

 

Филипче: Нови предлог мерки за невакцинираните