Главниот град на Сирија денес е град на апокалипса (видео)

Сподели со своите пријатели

Населбата Џобар во Дамаск неколку дена е средиште на најголемите борби во сирискиот град Дамаск, а Russia Today објави апокалиптични снимки од уништениот дел на градот.

Дописникот на руската телевизија Мурат Гаџиев наведува како некогашната густо населена населба, денес е потполно пуста и уништена.

Жителите на Џобар го напуштија Дамаск на самиот почеток на судирите на ИСИС и сириската војска, а во изминатите години, напуштените згради служат како полигон за судири на завојуваните страни.

Пред судирите, во Џобар живееа околу 300 илјади луѓе, повеќето сунитски муслимани. Во оваа населба се наоѓаа непроценети историски локалитети, како Зелената синагога, најстарото еврејско светилиште во светот.

 

Loading...

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.