Гласањето на болните и немоќните во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива тековно

Сподели со своите пријатели

Гласањето на болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане се одвива тековно, потврдија претседателите и заменик – претседателите на општинските изборни комисии.

Во Куманово денеска право на глас имаат 189 болни и немоќни, како и затвореници во затворот Кшање, информираа од ОИК Куманово. Гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Loading...

-Тековно се одвива и гласањето во општина Липково, каде право на глас денеска имаат 330 болни и немоќни лица, информираше претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари.

Драган Јовановски, претседател на ОИК Старо Нагоричане, изјави дека во Старо Нагоричане гласале десет од 11 пријавени болни и немоќни лица и гласањето е завршено.

МИА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *