Ѓорѓиевска: Заштитата на животната средина ќе биде приоритет и во следниот мандат

Сподели со своите пријатели

„Заштитата на животната средина ќе биде приоритет и во следниот мандат на Општина Куманово“, најави денеска на прес конференција од градскиот парк Ивана Ѓорѓиевска носителка на независната листа кандидати за советници „За наше Куманово“.

Loading...

Како што рече таа во рамките на заштитата на животната средна ќе продолжи развојот на гасификација во Куманово, преку ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа.

Воедно таа најави и намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа.

– Ќе работиме на решавање на депонијата Краста со нејзино затворање и претворање во претоварна станица за отпад, кој ќе се транспортира во фабриката за преработка на отпад, која треба да се гради во Општина Свети Николе. Ќе поставиме соларни панели на јавни установи и институции во надлежност на Општина Куманово и обнова на истите со енергетски ефикасни фасади, изјави Ѓорѓиевска.

Три нови градски паркови најави Ѓорѓиевска, како и реконструкција на постоечкиот градски парк кај Автобуската станица.

– Изградба на нов парк на влез во село Проевце, изградба на нов парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол, изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев. Ќе следува целосна реконструкција на стариот градски парк и негова трансформација во смарт парк со многу различни содржини. Ќе направиме урбан сквер со зелена површина, урбана опрема и детско катче во секоја локална заедница. Ќе ги заштитиме сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генерален урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема во Куманово, рече таа.

Ѓоѓриевска најави и уредување на речно корито на реките Липковка и Кумановка и спојување со нов градски парк во селото Проевце. Уредување на двете страни од речното  корито со зелени површини, трим патеки, урбана опрема, простор за рекреација.

– Поставување на систем за наводнување „капка по капка” на зелени површини по должина на булевар „Трета МУБ“ и булевар „Октомвриска револуција“. Нови дрвореди на улиците „Ленинова“ и „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), булевар „Октомвриска револуција“, булевар „Трета МУБ“ и на сите други  локации каде постои можност за тоа, а до овој момент сè уште не се реализирани. Изградба на катчиња за шетање на домашни миленици во градски паркови, на кеј и шеталишта, како и поставување на фонтани за пиење вода на повеќе локации, додава Ѓорѓиевска.

Loading...

Според неа, и во изминатите 4 години животната средина беше еден од главните приоритети на Општина Куманово.

– Испорачани се над 2.100.000м3 гас до потрошувачите и изградена е 4.500м гасоводна мрежа. Доведен е гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи.  Вложуваме во енергетска ефикасност на училиштата и расчистени се повеќе од 100 диви депонии. Се уредуваат парковите и се создаваат нови зелени површини. Редовно се врши чистење на дел од речните корита на реките Којнарка, Липковка, Кумановка. Расчистени се 104 диви депонии на целата територија на општината. Се организираат акции за чистење и се садат нови садници.  Во раззеленувањето на градот засадени се повеќе од 15.695 садници во изминатиов период, од 2017 година досега. Изградена е нова викенд зона на локалитет Студена вода. Пуштени се во употреба нови 8 камиони за собирање на смет, обезбедени се нови 150 контејнери за смет, а се поставија и полуподземни контејнери за отпад во Куманово, изјави Ѓорѓиевска.

Носителката на независната листа кандидати за советници „За наше Куманово“ ги повика граѓаните да гласаат за бројот 80 за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и број 61 за независната советничка листа која ја предводи.

Никола Ивановски