Ѓорѓиевска: Откако Максим Димитриевски е градоначалник Куманово се промени на подобро

Сподели со своите пријатели

„Досега не сум била политички активна, не затоа што не сум можела, туку затоа што не сум сакала, иако сум член на СДСМ. Како наставник по македонски јазик не ги делам децата, а и граѓаните воопшто на наши или ваши. Напротив, ги спојувам учениците, го спојувам колективот и никако
не правам поделба во народот. Сведоци сме дека општината во последни 4 години се менува на подобро, откако Максим Димитриевски е градоначалник. Ми беше дадена прилика да бидам рамо до рамо со него. Веднаш прифатив, затоа што е чест да бидам со еден човек којшто е вреден, докажан на политичката сцена. Она што најмногу ми се допаѓа кај него е искреноста, тоа што е исполнителен и никогаш не манипулира со народот“, потенцираше Ивана Ѓорѓиевска, носителка на листата за советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Loading...