Ѓорѓиевска на средба со Здружение на одделенски наставници

Сподели со своите пријатели

Претставниците на Здружението на одделенски наставници ЗОН „Учител” на РС Македонија од Куманово денеска остварија средба со претседателката на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово Александар Јовановиќ.

Loading...

Ова е прва официјална средба на претставници на ЗОН со локална заедница на ниво на РСМ.

ЗОН “Учител” е прво офијално регистрирано Здружение на одделенски наставници, иницирано од група ентузијасти од целата територија на РСМ, формирано со благородна цел, помош, соработка и размена на позитивни наставни практики; вмрежување со други чинители, институции, со цел унапредување на ликот и дигнитетот на одделенскиот наставник, подигнувајќи ја јавната свест за афирмирање на ликот на учителот и унапредување на воспитно- образовниот процес во одделенска настава.

Средбата се одржа со цел запознавање со програмата, целите и реализираните активности на Здружението на одделенски наставници.

 

 

„Учител” е унифициран глас за одделенски наставници во јавните училишта во РС Македонија. Со заедничка сила и посветеност на нашите членови, ЗОН “Учител” е моќен и страствен поборник за квалитетно образование. Едукаторите чекорат заедно по патот на успехот, овозможувајќи им на учениците најдобро образование.

Loading...

На средбата беше претставена програмата за работа на Здружението, како и резултатите од досегашното работење.

„Ме радува составот на Здружението, во Вас препознавам еминентни претставници на одделенска настава, истакнати по својот ентузијазам во работата и докажани во својата професија. Се надевам на поинтензивни седби за поуспешна соработка со Општината со цел, поголема информираност и напредок на Здружението“ – истакна Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово.

Интегрално соопштение: Општина Куманово