Ѓорѓиевска: Куманово мора да се развива организирано, планирано и во интерес на граѓаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Носителката на советничката листа на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, на денешната прес конференција посочи дека урбанистичкиот развој на градот мора да се темели на ред, план и јасна визија.

„Во секоја општина мора да постои ред во сите области, доколку сакаме животот на граѓаните да функционира нормално, затоа што без него се доведуваат во прашање сите витални функции. Така и во урбанизмот. Ако нема ред и ако тој не е плански, не можеме да зборуваме за развој на општината. Спротивно, секојдневно ќе се соочуваме со безредие, урбан хаос што ни го отежнува живеењето“, истакна Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов обид за измама со лажна сообраќајка во Куманово

 

 

Таа најави дека приоритет ќе бидат современи урбанистички решенија и нови инфраструктурни зафати.

„Со современи урбанистички решенија и модерна инфраструктура, Куманово ќе продолжи да се развива во поуреден, подостапен и пофункционален град. Создаваме средина во која секој граѓанин ќе има пристап до квалитетни јавни простори, сигурен сообраќај, зелени површини и современи содржини за рекреација, а воедно ќе се зачува и надгради урбаниот идентитет на градот. Куманово мора да се развива организирано, планирано и во интерес на граѓаните, за да остане град со јасна визија и стабилна иднина“, нагласи таа.

Ѓорѓиевска посочи дека програмата на Движењето предвидува донесување на нов Генерален урбанистички план со проширен опфат, урбанизација на населби и создавање на стандарден изглед на новите урбани блокови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: На 19 октомври ќе ја добиеме најголемата награда - честа да го предводиме Куманово и во следниот мандат

Таа потенцираше и важноста на „инклузивно и одржливо урбанистичко планирање со фокус на јавниот интерес пред интересот на поединецот“ и на „ставaње во функција на урбаните месни заедници како појдовна точка за учество на јавноста во процесите на урбанистичкото планирање“.

Во плановите, како што рече, влегуваат изградба на нов административно-деловен комплекс со плоштад и катна гаража, нови скверови и пешачки зони, санација на плоштад „Нова Југославија“, уредување на речното корито и проширување на Градските гробишта.

Најави и реконструкција на фасади на објекти од културно наследство, детски катчиња меѓу згради, урбана опрема и ново осветлување на јавни површини.

„Куманово ќе го развиваме урбано со тоа што плански ќе го организираме просторот на кој се просторира. Со тоа ќе го подобриме и квалитетот на животот на граѓаните и ќе ја заштитиме животната средина и ќе создадеме услови за одржлив економски и социјален развој“, изјави Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ќе продолжам да работам за доброто на Куманово