Ѓорѓи Георгиевски: „За да бидеш успешен спортист, треба да вложиш многу љубов, труд и посветеност“

Сподели со своите пријатели

Ѓорѓи Георгиевски е најмладиот член на сино-белиот состав на Куманово кој е на прагот на полнолетството, но чекори по сигурна патека кон кошаркарскиот врв. Тој е млад и амбициозен, а неговата љубов кон кошарката ја негува од мали нозе.

Кошаркарската сезона е завршена, па одлучивме да направиме интервју со младиот кумановец за да ги сумираме неговите импресии од сезоната, но и да поразговараме за неговите идни планови.

 

Loading...

КМ: Заврши спортската сезона, како си задоволен од она што го покажа годинава во КК Куманово?

Георгиевски: „Како млад кошаркар на КК Куманово лично сум задоволен од тренажниот процес на тренерите и нивната посветеност спрема мене како играч, а што се однесува до играта, имав променлива минутажа поради важноста на некои натпревари. Се вкупно сум задоволен од мојот напредок оваа година“.

 

КМ: Последниот меч кој го одигра Куманово беше испреплетен со инциденти и според мноугмина украдена победа. Какви се твоите впечатоци?

Георгиевски: „Последниот меч против МЗТ заврши така како што заврши, јас лично не сакам да коментирам и да навлегувам во проблематиката бидејќи за мене кошарката е само игра“.

 

DSC_0003

 

КМ: Како се разви твојата љубов кон кошарката?

Георгиевски: „Мојата љубов кон кошарката се разви на осум годишна возраст, кога ги направив првите чекори во спортот, односно кога започнав да настапувам за КК Михајловски“.

 

КМ: Како дојде до соработка со КК Куманово?

Георгиевски: „Претпоставувам задоволни од она што претходно го постигнав, челниците на клубот ме повикаа да играм за младинската категорија на КК Куманово, понуда која ја прифатив со задоволство со оглед на реномето на клубот и мојата посветеност да изградам добра кошаркарска кариера“.

 

DSC_0028

Loading...

 

КМ: Кој од повозрасните колеги ти е ментор и најголема поддршка?

Георгиевски: „Од повозрасните соиграчи во клубот со сите имам другарски и пријателски однос, но најмногу совети добивам од Аце, Вуле, Марко и Бојан“.

 

КМ: Што е најважно за еден спортист додека е на терен?

Георгиевски: „Најважно за еден играч кога се наоѓа на терен е да биде сконцентриран на играта, да верува и да ја сака победата, но понекогаш е потрено да се прифати и поразот“.

 

КМ: Честа појава се негативни скандирања од туѓа публика, колку тоа влијае на играта?

Георгиевски: „ Негативните скандирања од страна на туѓа публика немаат влијание  на мене и на мојата игра, бидејќи кога сме на терен ние сме сконцентрирани на самата игра, па така ги занемаруваме сите оние скандирања и коментари кои доаѓаат од трибините“.

 

DSC_0114

 

КМ: Што друго освен кошарката те исполнува на приватен план?

Георгиевски: „ Секако кошарката ми е на прво место, но во слободно време ме исполнува дружба со пријателите, и следење на спортски натпревари“.

 

КМ: Релативно си млад, како планираш да ја продолжиш професионалната кариера?

Георгиевски: „ Кошаркарската кариера сакам да ја продолжам во КК Куманово, каде што сакам да оставам позитивна трага не само за клубот, туку и за својот град“.

 

Loading...

КМ: Се гледаш ли себе во иднина можеби во некој странски клуб или приоритет  ти се домашните?

Георгиевски: „Сега за сега приорит ми е успех со КК Куманово, каде што сакам да  го пронајдам своето место и секако што е можно поглема минутажа на теренот, а со текот на времето и искуството во согласност со понудите не е  исклучена и таква можност“.

 

DSC_0005

 

КМ: Што треба да вложи во себе еден млад спортист за да биде успешен?

Георгиевски: „За да бидеш успешен спортист, треба да  вложиш многу љубов, труд и посветеност во она што го работиш, а пред се треба да сакаш да успееш.

 

КМ: Ќе останеш ли и следната сезона во КК Куманово?

Георгиевски: „Рано е за одговор на такво прашање, јас искрено се надевам дека ќе остнам.