Ѓорѓеивски: Владата на СДС се кити со туѓи перја, а Дамјановски вети три градинки и не изгради ниту една

Сподели со своите пријатели

„Китење со туѓи перја“ во Куманово е најпознатата активност на Владата на СДС, вели денеска Зоран Ѓорѓиевски посочувајќи дека проектот за преамена на Пионерскиот дом го започнала Владата предводена од Никола Груевски, но поради изборите не успеале да го реализираат.

Како што посочи Ѓорѓеивски актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски во програмата за локалните избори во 2013 година ветил три нови детски градинки, но не направил ниту една. Додава дека проектот го отпочнала претходната влада, но го стопирала тогашната техничка министерка Фросина Ременски.

Проектот, додава Ѓорѓеивски, го ветил и поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој проект е ветување на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за кој беше започната реализација со донесување на одлука на Влада објавена во Службен весник на 21 октомври 2015 година, да се пренесе имотот од Министерството за образование на Министерството за труд и социјална политика за трајно користење на недвижни ствари, односно да се направи проект за преадаптација на дел од објектот во детска градинка. Со доаѓање на техничката Влада на чело со министерката Фросина Ременски целата постапка е стопирана. Во 2016 година при посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Никола Груевски во Куманово, повторно оваа ветување е дадено од негова страна и е донесен заклучок да се забрза тендерската постапка во неговата реализација – додава Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски општината самата можела да издвои два милиони денари колку биле потребни за овој проект, но наместо тоа се правеле фешти пред јавноста.

Пред неколку денак во поранешната зграда на Пионерскиот дом „29 Ноември“ во Куманово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, пратеникот Максим Димитриевски, пратеникот Реџеил Исмаиљи, како и градоначалникот Зоран Дамјановски, без нималку срам се сликаа и ја промовираа реконструкцијата и преадаптацијата на поранешниот Пионерски дом во нова градинка. Проект кој чини не повеќе од два и пол милиони денари пари, кои општината според Буџетот со кој располага можеше во секој момент сама да ја реализира изградбата без правење фешти со пола Влада пред граѓаните на Куманово.

Тогашната локална власт со Дамјановски, Димитриевски и Спасовски не го исполниле предизборното ветување за детски градинки во приградските населби, а денес се фалат со проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ, обвинува пратеникот Ѓорѓиевски.

Ветувањето дека во најмладите населби во Куманово ќе изгградат три детски градинки не го остварија, бидејќи локациите на тие простори кои беа во владение на Општина Куманово, општината ги продаде на урбаната мафија за градење на згради, населбите: Панче Пешев, Зелен Рид и Перо Чичо. Со овој чин на манипулација на јавноста во недостаток на свои идеи и проекти со дел од започнатите проекти на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се замајува јавноста дека се нивна реализација – рече Ѓорѓеивски.

Според пратеникот, со ребалансот на Буџетот за 2017 година се блокираат проектит за ТИРЗ зоната во Куманово, додавајќи дека загриженоста на СДСМ за градот најдобро го знаат кумановци кои имаат шанса на претстојните избори да донесат своја пресуда.