Ѓоковиќ изедначи достигнување на Федерер

Сподели со своите пријатели

Светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос по победа против Литванецот Рикардас Беранкис со 6: 1, 6: 2, 6: 2. Шампионот од 2016 година немаше потешкотии против Литванецот и по 1 час и 23 минути игра ја забележа 70-тата победа Гренд слем победа на турнирот во Париз. Со тоа тој се изедначи со Роџер Федерер на второто место во историјата на турнирот на ранг-листата за најмногу победи во Париз. Рекордер е Рафаел Надал со 95 победи.

Ѓоковиќ водеше со 3-0 во првиот сет, 2-0 во вториот и 4-0 во третиот, не оставајќи никаков сомнеж за неговата супериорност. 33-годишниот Србин пласираше 10 аса и 25 винери, правејќи само 14 непридизвикани грешки на патот до победата.

Loading...

Во следната фаза тој ќе игра со „среќниот губитник“ од квалификациите Даниел Елахи Галан. Колумбиецот,кој е под број 153 во светот денес го победи американскиот тенисер Тенс Сандгрен со 6: 2, 6: 2, 6: 3.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *