Гинисовата рекордерка Чурим Долма Шерпа го посети Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Планинарката Чурим Долма Шерпа од Непал, вчеравечер беше во посета на Куманово, како гост на планинарското друштво „Козјак“ од Куманово.

 

Loading...

DSC_0003

 

Шерпа инаку е запишава во Гинисовата книга на рекорди откако во мај 2012 година два пати за една недела се искачила на врвот на Монт Еверест и тоа од различни страни на планинскиот масив. Првото искачување го направила на 12-ти мај, а второто само седум дена подоцна, односно на 19-ти мај, со што стана првата жена во светот на која што и успеал ваков подвиг.

 

DSC_0002

 

Чурим е дојдена на покана на нејзиниот пријател и соарботник Антонио Китанов, а нејзината посета ќе ги зближи Непал и Македонија, но и нивните трекинг компании.

Кога се качив на Монт Еверест бев многу возбудена и среќна што сум на врвот на светоти ги видов сите планини надолу. На рпвото качување имаше магла и облаци и не можевме да се задржиме на врвот, а при второто качување времето беше прекрасно, но ладно и ветровито – вели Чурим Шерпа.

 

Loading...

Китанов вели дека Македонија имаше и се уште има добри алпинисти и планинари, но тешка е финансиската поткрепа за вакво патување.

Ние сме хендикепирани во однос на парите. За секоја експедиција трепа финансиски средства. Чурим може да ни го пренесе искуството на Хималаите, рутината на ладните планини, има искусено доста врвови кои се плус 8.000 и плус зближување на туризмот на двете земји – додава Китанов.

Инаку, Чурим присуствуваше на презентација која ја организираа членовите на планинарското друштво „Козјак“ од Куманово кои со Шерпа разменија меѓусебни искуства.

 

DSC_0005

 

Гинисовата рекордерка во Македонија ќе остане уште неколку дена, при што ја има псоетено Шара, а во август се очекува повторно да ја посети нашата земја.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.