Гинисов рекорд: Тој е најрано роденото бебе во светот, 132 дена пред терминот и тежел само 420 грама (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гинисовата книга на рекорди објави дека Кертис Минс стана најраното дете родено во светот кое преживеало. Момчето е родено во Алабама во САД, во 21-та недела од бременоста и тежело само 420 грама.

Loading...

Кертис во утробата на мајка си бил придружуван од неговиот брат близнак, но за жал не преживеал, па тој се родил 132 дена пред терминот, пренесува NBC News.

Доктор Брајан Симс од болницата во која е родено момчето вели дека статистиката не дава буквално никакви шанси за преживување на ваквите предвремено родени бебиња, но Кертис ги убедил во спротивното.

– Вообичаено во такви ситуации им даваме на децата на родителите да ги држат и да уживаат во малкуто време што го имаат со нив – изјави Симс.

 

 

Кертис ги изненади сите, па секој ден се повеќе напредуваше. По 275 дена бил пуштен од болница. Сепак, сè уште му е потребна помош од експерти за хранење.

Loading...

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога го однесовме Кертис дома за да се сретнат постарите браќа“. Не знаеме што ќе се случи со него во иднина, бидејќи тој се разликува од првиот ден и нема таков како него. Тој ја пишува својата приказна од првиот ден, која многумина ќе ја следат, се надеваме и која ќе помогне да се подобри грижата за предвремено родените бебиња – изјави мајката Мишел Батлер.

За само еден ден Кертис го победи претходниот Гинисов рекордер, бебето на Ричард Хачинсон од Висконсин, кој еден месец ја носеше титулата најрано родено дете.