Гинеколозите во Општа Болница Куманово ги враќаат бремените жени мигранти (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Наредени еден до друг, жени, деца и средовечни мажи секојдневно бараат помош и нега во кумановската Синан Татар Паша џамија, сместена на неколку чекори од СВР Куманово и останати институции во градот.

Loading...

Сликата е потресна, со оглед дека на мигрантите поради законските прописи не може да им се помогне на друг начин освен со донација на лекови и храна, велат граѓанските активисти кои беа присутни во џамијата.

 

[huge_it_gallery id=”78″]

 

Според Сандра Давидовска, локален граѓански активист, во соработка со Здружението на граѓани ”Легис”, се прават максимални напори да се помогне на бранот мигранти кои доаѓаат во џамијата, но, веќе од утре се очекуваат проблеми, со почетокот на Рамазанските пости.

– Денес е добар ден, со оглед дека имаме само стотина мигранти. Меѓутоа, се случува да имаме и повеќе од двеста луѓе. Тие овде доаѓаат да се одморат и да заминат. Имаме жени, деца и бремени жени, но и лекари од Куманово кои дојдоа да ги прегледаат новодојденците. Потешките случаи ги носиме во болница, но, денес како што ми кажа мојата колешка, неколку мигранти биле вратени под изговор дека се мигранти што претставува директно кршење на законот. Од утре ќе се соочиме со друг проблем, а тоа е почеток на Рамазанските пости, и во случајот, не сака да ги избрка одборот на ИВЗ, но мора да се издржи уште неколку дена, вели Давидовска.

Loading...

 

Како локална самоуправа, не можеме да сториме ништо за овие луѓе, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово кој денеска оствари посета на мигрантите во џамијата, првенствено како граѓанин, а не како службено лице, вели градоначалникот.

– Градот се соочува со голема хуманитарна катастрофа. Секој ден овде врват околу 1000 мигранти. Луѓето се соочуваат со големи проблеми, и затоа денес дојдов како граѓанин, а не како градоначалник, за да видам што се случува. Во вакви колективни центри, можно е да се очекува појава на епидемија па дури и криминални дејанија. Не можеме да пружиме помош како локална самоуправа, но како граѓани можеме и затоа денес донесовме пакети. Во ист правец, напоменувам дека нашата самоуправа нема мандат ниту да свика кризен штаб, истакна Дамјановски.

Активистите на граѓанските здруженија испратија апел до сите добронамерни граѓани да донесат помош во вид на лекови и храна и пелени за бебиња, за да на мигрантите барем на неколку часа им се помогне со укажување прва помош.

Во кумановската џамија престојуваат и мигранти кои се ограбени и малтретирани на патот кон северната граница и кои немаат средства да заминат. Според кажувањата на активистите, бремените жени кои денес се жалеле на болки и мачнини, биле вратени од Одделот за гинекологија и препратени во Ургентниот центар каде општ лекар им го измерил притисокот, но без давање упат за гинеколошки прегледи.

Во прилог, активистите апелираа до СВР Куманово да ја зголеми будноста и присутноста кај Табановце, со оглед дека многу од мигрантите се тепани и ограбувани токму на тој премин.


Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.