Гимназијата „Гоце Делчев“ го прослави патрониот празник (фото)

Сподели со своите пријатели

Со положување свежо цвеќе Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележа 113 години од смртта на својот патрон, како и 71 година од постоењето на училиштето.

Пред бистата на најголемиот македонски револуционерен деец свежо цвеќе положија првите луѓе на гимназијата, градоначалникот, претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани, Здружението на бранители, Општина Куманово и Советот, јавните претпријатија, политичките партии и ученици.

Сите присутни имаа можност во галеријата на училиштето да погледнат краток видео запис за досегашните високи постигнувања на кумановските гимназијаци, а ученциите говореа за ликот и делото на својот патрон.

Во последните години нашето училиште бележи добри резултати на сите натпреварувања спортски, по природни науки во последните две години сме меѓу првите пет училишта во однос на постигнувањата од матурата. Се трудите постојано да вложуваме во учениците, училиштето во рамки на своите можности – изјави Горан Димитријевиќ, директор на гимназијата „Гоце Делчев“.

Настава во Гимназијата „Гоце Делчев“ посетуваат 1.120 ученици распоредени во 41 паралелка.