Гимназијата „Гоце Делчев“ доби нов кров (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Завршена е целосната реконструкција на кровот на Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев” во Куманово.

Loading...

 

 

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, во овој момент се врши и внатрешно реновирање, а продолжува постатувањето на енергетско ефикасна фасада на целиот објект.

 

 

Loading...

– Претходно беа заменети сите прозорци со нови ПВЦ прозорци, а наскоро ќе бидат поставени и нови врати на училниците, појасни Димитриевски.

 

 

Инаку неодамна во изјава за Кумановски Муабети, директорката на училиштето Марија Тодоровска појасни дека по неколку децении, во моментот се врши целосна реконструкција на училиштето, која чини околу 340.000 евра.

 

Со 340.000 евра се врши целосна реконструкција на кумановската Гимназија (ФОТО+ВИДЕО)