Гигафабрика: Милионер прави зграда која ќе го промени светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Гигафабриката на Тесла според некои ќе го промени светот. Оваа огромна фабрика се наоѓа во местото Спаркс во Невада и планира во неа да произведува батерии за аавтомобилите на иднината на Тесла.

Loading...

Компанијата „Тесла“ сака да направи батерии кои ќе чинат значително помалку, кои ќе го постигант ако ги достигнат иновативните начини на производство, смалување на количини на топад и едноставна оптимизација и поставување на целосното производство под еден кров. Исто така, целата фабрика ќе работи на обновлива енергија.

Оваа фабрика батерии ќе започне да произведува до 2017 година, а својот полн капацитет ќе го оствари до 2020 година. Единствено што сега е можно да се види е надворешноста, а фабриката ќе чини пет милијарди долари.

Кровот на фабриката ќе биде готов до февруари 2016 година, а соларните панели ќе бидат поставени дополнително. Компанијата потрошила милиони долари за изградба на т.н. „град на приколки“ околу гигафабриката.

Како ќе завршуваат работите од надворешноста, така ќе започне и да се уредува внатрешноста на што ќе бидат потрошени околу 10 милиони долари.