19.08.2019 10:03

Гичевска најново засилување на ЖРК Куманово


Репрезентативката Леонида Гичевска од ЖРК Металург преминува во составот на ЖРК Куманово.

Викендов македонската репрезентативка која настапува на левата и средна бековска позиција го потпиша договорот со актуелниот вицешампион и победник во Купот на Македонија.

loading...

Гичевска има 21 година и е петто засилување за Куманово. Претходно договори потпишаа Ангела Јанкуловска, Катарина Косановиќ, Медеа Чокели и Наталија Пецанова.

Тимот ќе го предводи селекоторот на сениорската репрезентација Симе Симовски.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments