Ги тужи родителите затоа што без согласност го донеле на овој свет

Сподели со своите пријатели

Рафаел Семјуел, 27-годишен антинаталист од Мумбаи ги тужи своите родители затоа што немале негова согласност да го донесат на овој свет.

Loading...
https://www.instagram.com/p/BhgT_TyhzFW/?utm_source=ig_embed

Антинатализмот е систем на верувања кој почива на тоа дека во морална смисла е погрешно да се размножува, дека човечкото патење би било далеку помало кога не би ни постоеле, т.е. да не настанале, пишува Гардијан.

– Ги сакам своите родители и имам одличен однос со нив, но на овој начин сакам да покажам дека родителството всушност е една многу себична работа. Слична е на киднапирањето и ропството. Вас никој не ве прашува дали сакате да се родите, а родители на светот ве донесуваат само за да си причинат задоволство, објаснува Рафаел.

Според негова проценка, децата имаат проблеми затоа што сте ги родиле.

На своите родители Рафаел на некој начин им се заблагодарува: „Драги мама и тато, се што сум и се што ќе станам е ваша заслуга. Се гледаме на суд“.

https://www.instagram.com/p/BhYQ5nXhTWd/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply