Ги сечат на парчиња, па делови од телата ги продаваат: Лов на албино луѓе во Танзанија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето се плашат од нив. Тие се отфрлени и ги третираат со презир. Често ги тепаат и убиваат затоа што не се како останатите луѓе. Вака изгледа жвиотот на албино луѓето во Таназија.

Loading...

Како се вели во документарецот на RTD, овие деца ја имаат таа несреќа да бидат родени како албино во Танзанија.

– Луѓето не бркаа, не сечеа на парчиња. Изолирани сме поради бојата на нашат акожа, рекол еден албино жител.

Пред 19 години во Танзанија избил „лов“ на албино луѓе, во кој се убиени најмалку 75 лица, но се стравува дека таа бројка е многу поголема.

Многу лица од нападот не се забележани во полицијата, пренесува RTD.

Мариа Мазури, вдовица, раскажала како е убиен нејзиниот маж.

– Тројца мажи влегоа во куќата и го зграбија мојот сопруг. Веднаш започнаа да го сечат на парчиња пред мене. Додека еден му го сечеше увото, другиот ја сечеше ногата, рекла Мазури.

Напаѓачите деловите од албино луѓето потоа ги продавале на црниот пазар. Како што пренесуваат медиумите, делови од телата се продавани за цена од 2.000 долари за нога или рака,а па дури до 75.000 долари за цел леш.

Loading...

Некои се продавани директно на врачари, кои зборувале дека ќе ги направат богати ако им донесат уво или рака од албино личност.

Албино децата можат безбедно да живеат и учат само во специјални училишта, а нападот на нив не престанал ниту во 21 век.

фото: Принтскрин

Leave a Reply