Ги мачеле со светлина и бучава: Во оваа зграда ЦИА злоставувала затвореници, сега се продава (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Објектот во кој американската разузнавачка служба ЦИА мачела затвореници во Литванија е ставен на продажба, пишува Гардијан.

Loading...

Зградата на периферијата на Вилнус ја користела американската разузнавачка служба од 2005 до 2006 година за приведување на осомничени за тероризам.

Според прелиминарните информации, затворениците таму биле мачени со светлина и бучава и биле чувани во самица, а официјално е потврден само еден случај – Палестинецот Абу Зубаид.

Литванската влада му плати отштета од 100.000 евра.