Ги кршите апчињата на пола пред пиење? Тогаш ова мора да го знаете!

Сподели со своите пријатели

Колку и да изгледа како безопасно и спонтано решение, сепак кршењето на таблетите на помали делови може да предизвика здравствени проблеми.

Да се проголта цела поголема таблетка за некои луѓе е вистински проблем. Различни се причините, но поголемиот дел го делат истото мислење – да се преполови таблетата или да се иситни па да се проголта со малку од омилениот сок, млеко или вода.

И се чини дека тоа е одлична идеја, пропишаниот лек сте успеале да го проголтате, макар и на овој начин. Фармацевтите велат дека тоа не е добра идеја.

Колку и да изгледа безопасно и спонтано, сепак кршењето на таблетата на помали деови може да предизвика и здравствени проблеми при нејзиното делување во организмот.

Фармацевтите тврдат дека може да се појават несакани реакции поради различното дозирање на лекот, посебно кај терапија за дијагноза на биполарно пореметување или кај срцевите болесници. Кај таквите дијагнози мора да се зема точно пропишаната количина лек.

Пред да се одлучите да ги кршите апчињата на своја рака, консултирајте се со лекарите или фармацевтите.

 

Loading...