Ги дрогирал колегите за да му бидат позабавни на работа

Сподели со своите пријатели

Тинејџер од Мисури е обвинет дека ставал ЛСД во пијалаци на колегите од работа, а како што објаснил тоа го правел затоа што неговите колеги биле премногу негативни и нерасположени, па тој сакал да ги поправи, пренесува The Sun.

Loading...

Овој 19-годишник во полиција ги признал причините за ставање на халуциногената дрога во пијалокот на колегите, а сега му се закануваат неколку казни поради тоа.

Менаџерката на фирмата го видела како стои близу нејзината чаша за вода, па одлучила да не пие од неа. Полиција повикала откако забележала дека дел од нејзините колеги не се добро и дека еден од нив започнал многу да се тресе.

Кога од полицијата прашале зошто тоа го сторил тинејџерот, добиле објаснување дека тој ги смета за досадни и негативни и мислел оти тоа ќе им го поправи расположението.

Целокупната ситуација се одвивала во компанија за изнајмување автомобили во Мисури.

Leave a Reply