ГФК Куманово со убедлива победа против ФК Нова

Сподели со своите пријатели

Фудбалерите на Градски фудбалски клуб Куманово впишаа нова, убедлива победа, овој пат против составот на ФК ССК Нова.

Loading...

Кумановци дадоа дури пет голови на овој меч, а со победата го задржуваат посакуваното лидерско место во табелата по 10те одиграни кола сезонава.

На натпреварот со ФК Нова, во првото полувреме беше мирно, ниту една од екипите не успеа да постигне гол, но вториот дел од средбата беше интересен.

Избраниците на Даниел Стојановски постигнаа дури пет голови. Два погодоци имаше Христијан Димов, а по еден Ардијан Сулејмани, Бујар Иљази и Петре Тасевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Наредниот натпревар ГФК Куманово го игра на домашен терен против екипата на ФК БЕСА од Слупчане.

Никола Ивановски