Германските власти наредија автомобилот порше со златна боја да биде исклучен одсообраќај затоа што неговиот сјај премногу им пречи на останатите возачи.
Списанието „Моргенпост“ од Хамбург пишува дека возачот стар 31 година е стопиран во овој град минатата недела и дека му е кажано дека неговиот „порше панамера“, со рефлектирачка фолија во златна боја, може да ги заслепи останатите возачи и претставува опасност.
Му било кажано да ја извадифолијата и повторно да го регистрира автомобилот, но полицијата додава дека тој продлжил да го вози.
Возачот повторно бил стопиран пред два дена и полицијата му ги одзела клучевите, сообраќајната дозвола и регистрациските таблички, а возилото е превезено со шлеп служба во гаража.
На возачот му е изречена казна и сега ќе мора да ја извади фолијата, ако сака неговото возило повторно да биде легално за возење. Не е прецизирано колкава казна ќе мора да плати.
Списанието пишува дека истовремено е стопиран уште еден возач на ламбурџини со слична фолија со златна боја, но дека тој соработувал со полицијата и ја отстранил.