Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги призна грешките во односот кон Русија.
Штајнмаер, по критиките на амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник против него, за ЗДФ изјави дека неговата заложба за гасоводот „Северен тек 2“, кој минатата година го нарече „Мост“ е погрешна.
Зеленски: Ни требаат сојузници кои можат да ни дадат оружје за 24 часа
„Моето инсистирање на „Северен тек 2“ беше јасна грешка. Се залепивме за мостовите во кои Русија повеќе не веруваше и за кои нашите партнери нѐ предупредуваа“, објасни тој во разговор со германските новинари во замокот Белви.
Штајнмаер рече дека пропаднала политиката за формирање на заедничка „европска куќа“ во која ќе биде вклучена и Русија.
„Не успеавме во нашите напори да ја вклучиме Русија во заедничката безбедносна архитектура“, подвлече тој.
Штајнмаер оцени дека одговорноста за војната во Украина е на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Русија: Украинските специјални служби исценираа наводни убиства на цивили
„Не треба да преземам одговорност. Но, тоа не значи дека не мораме повторно да анализираме каде сме згрешиле“, нагласи тој.
„Со Путин на чело, нема да може да се врати на предвоениот статус“
Штајнмаер истакна дека со Русија, на чело со Путин, нема да може да се врати „статус кво“ пред војната.
Тој рече дека верува оти Путин нема да биде подготвен за целосно уништување на економијата, општеството заради „империјалистичкото лудило“.
„Направив грешка како и многу други“, рече Штајнмаер.