Германскиот канцелар бара готвач: Нуди огромна плата и бонуси

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц е во потрага по нов личен готвач за неговото владино седиште.

Loading...

Потребните квалификации за нов готвач вклучуваат успешно завршена обука за „фина гастрономија“ и неколкугодишно искуство.

Од кандидатот се очекува и солидно општо образование, интерес за политика и да биде доверлив, дискретен и одговорен.

Германските медиуми пишуваат дека готвачот мора да биде апсолутно доверлив, и дека мора да биде подготвен да работи постојано во смени и прекувремена работа.

Оваа позиција е ограничена до крајот на 2025 година, пренесува net.hr.

Што се однесува до платата на готвачот, идниот готвач на Олаф Шолц може да очекува сума од 3.000 до 3.700 евра бруто месечно, со божиќен бонус (84 отсто од месечната плата), министерски додаток од 220 евра, додаток за смена од 40 евра и субвенција за работни билети.