Германскиот буџет сѐ пополн и покрај кризата

Сподели со своите пријатели

И покрај војната во Украина и енергетската криза, германската економија во вториот квартал порасна за 0,3 отсто.

Loading...

Добра вест за државата е и проценката за повисоки даночни приходи – експертите претпоставуваат дека сите нивоа на власт до 2026 година ќе добијат околу 126,4 милијарди евра повеќе од даноци отколку што се очекуваше уште во мај.

Не може точно да се предвиди како ќе се развива економската ситуација во Германија, но владата е внимателен оптимист.

Сега се очекува мал економски раст од 1,4 отсто за оваа 2022 година, а пад од 0,4 отсто за следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мјанмар: Повеќе од 500 куќи изгореа во армиски напад. Загинаа 40 цивили

Но, веќе во 2024 година се очекува пораст на бруто домашниот производ од 2,3 отсто – тогаш се очекуваат и вкупни даночни приходи од околу 993 милијарди евра.

Министерот за финансии Кристијан Линднер за време на презентацијата на бројките изјави дека ова е првенствено резултат на добрата состојба на пазарот на труд и растот на профитот во економијата, пишува Дојче веле.

Сепак, Линднер предупреди дека има и големи неизвесности во овие проценки, бидејќи геополитичките ризици се високи.

Но, доколку се остварат предвидувањата, тоа ќе отвори сосема нов простор за маневар за него, но и за неговите провинциски колеги.

Loading...

Пред сè, кога станува збор за тоа колку граѓаните и стопанството можат да се ослободат од поскапувањето на енергијата, на пример во форма на ограничувања на цената на гасот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Партијата на Трудо избира нов лидер на 9 март

Важен фактор во овие оптимистички проценки е бројот на вработени, бидејќи тоа директно влијае на даночните приходи: кога има многу вработени, повеќе приходи од данокот на доход се слеваат во државната каса. И покрај кризата, пазарот на трудот во Германија во последно време е стабилен.

Друг важен фактор е, од перспектива на граѓаните, помалку пријатен: зголемувањето на даночните приходи е последица, меѓу другото, на актуелната висока инфлација.

Сè додека купуваат потрошувачите, инфлацијата ја полни даночната каса.

Затоа што кога стоката поскапува, се зголемуваат и даночните приходи што мора да се платат на нив. За повеќето производи ДДВ е 19 отсто, за храна и некои други 7 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов план за евакуација поради потенцијална ерупција на вулканот Везув: 700.000 луѓе се во опасност

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.