Речиси една година по почетокот на руската инвазија на Украина, раководството на Москва не покажува знаци дека е отворено за преговори за прекин на конфликтот, а рускиот претседател Владимир Путин сака да стави крај на војната на бојното поле, според германските разузнавачи.
Нема индикации дека Путин е подготвен да постигне мировен договор, изјави шефот на германската надворешна разузнавачка служба БНД Бруно Кал во средата за германската медиумска група Redaktionsnetzwerk Deutschland (RND).
Путин сега е заинтересиран да го прекине конфликтот „на бојното поле и да добие што е можно поголема предност таму, за да може тогаш можеби да диктира мировен договор по свои услови во одреден момент во иднина“, рече шефот на германското разузнавање.
Русија започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари минатата година.
Кал истакна дека Русија е способна да испрати многу повеќе војници на фронтот.
– Од 300.000 војници кои Москва ги мобилизираше есента минатата година, некои сè уште се на обука, додека други се веќе испратени во првите редови, додаде тој.
Русија има „дополнителен мобилизациски потенцијал до милион мажи, доколку Кремљ смета дека е потребно“, изјави шефот на германската разузнавачка служба.
И покрај нумеричката предност на Русија, Украина сепак може многу ефикасно да се брани од силите на Москва, рече Кал.
„Но, ова е тешка долгорочна борба и ќе биде успешна на украинската страна само ако навистина се одржи поддршката од Западот“, додаде тој.
Руските војници успеаја да го спречат ненадејното напредување на Украинците.
Кал ја опиша тековната ситуација на бојното поле како рововска војна – „многу сурова, брутална војна на трошење“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.