Германски пензионер со трактор пристигнал на Мајорка: Минал 1.900км за 23 дена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Винфред Лангнер трнал на патување поради приказната на неговата покојна жена.

Loading...

Рано наутро на 15 мај 2013 година пензионер од Германија пристигнал на Мајорка. Тој патувал 1.900 километри со брзина од 18 километри на час.

Лангнер е од Лаунферд во Долна Саксонија и тргнал со својот трактор, кој го нарекол Роберт, на Мајорка на 22 април истата година.

Пензионерот сакал да го посети островот, затоа што неговата покојна жена често му зборувала за него, но Лангнер никогаш не сакал да оди со авион.

Неговиот план бил за два месеци да го истражи островот со својот трактор, но тоа морал да го одложи затоа што по доаѓањето во Барселона, морал да мине одредено време во болница.

Преминувањето на траект старецот сакал да го заврши во секој случај. Во четврток на 16 мај морал да отпатува дома од здравствени причини, но овој пат одел со авион, во придружба на ќерката Сабина, која го изненадила со доаѓањето во Барселона.

Тогаш тракторот Роберт, произведен во 1961 година, останал на островот, а германски љубител на тракторот обезбедил место за него.

https://www.youtube.com/watch?v=jjIjlVCwB_I

Фото: Printscreen YouTube/Apple9WarS

Loading...

Leave a Reply