Германската влада договори ребаланс на буџетот

Сподели со своите пријатели

Германската влада го прифати предлогот за ребаланс на буџетот и го направи првиот чекор кон отстапување од таканаречената кочница за задолжување оваа година.

Loading...

Владините одлуки треба да бидат потврдени од Бундестагот, што се очекува пред Божиќ.

Германија влезе во буџетска криза откако Уставниот суд неодамна ја прогласи за ништовна одлуката на Владата за префрлање на 60 милијарди евра од Фондот за помош на граѓаните и стопанството за време на пандемијата на Фондот за заштита на климата и модернизација на економијата.

Одлуката на судот ги доведе во прашање и другите државни фондови, пренесува SEEbiz.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Санчез најави дополнителни 2,3 милијарди евра за реконструкција по поплавите

„Ребалансот на буџетот за оваа година е последица на пресудата на Уставниот суд“, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер.

Тој додаде дека Владата не планира дополнително да се задолжува.

Со ребалансот, Владата сака да создаде правна основа за заемите кои веќе годинава ги субвенционираа цените на енергенсите и им помагаа на поплавените подрачја. Станува збор за 45 милијарди евра.

„Станува збор за отстранување на законска повреда што ќе се случеше доколку сега не преземевме ништо“, соопштија од Министерството за финансии.

Loading...

Поточно, резервите во Фондот за клима и трансформација се намалуваат за 60 милијарди евра, кои по пресудата веќе ги нема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Долниот дом на Австралија усвои закон за забрана на мрежите за деца под 16-годишна возраст

Дополнително, 43,2 милијарди евра заеми потоа ќе одат во Фондот за субвенционирање на цената на енергијата. На правна основа треба да се стави и околу 1,6 милијарди евра помош за долината Арска, која пред две години беше погодена од катастрофални поплави.

Предуслов за сето ова е Бундестагот да прогласи вонредна состојба и со тоа по четврти пат да овозможи заобиколување на таканаречената кочница за задолжување.

Кочницата на долгот е уставен инструмент кој го спречува прекумерното државно задолжување. Во претходните години, Бундестагот прво запре поради пандемијата, а потоа и поради последиците од украинската војна врз германските државни финансии.

Аргументот сега е ист – далекусежните хуманитарни, социјални и економски последици од војната значително влијаат на германските јавни финансии оваа година. А природната непогода од летото 2021 година е вонредна состојба и штетата се уште не е санирана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија го затвора бирото на руската телевизија, Москва најави одговор