Германската компанија WPD ќе гради ветерници во кумановско, инвестиција тешка 500 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Германската компанија WPD до Владата доставила документ за стратешка инвестиција за изградба на ветерен парк од 400 мегавати на потегот Куманово – Старо Нгоричане – Крива Паланка, ова го откри вчера премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан.

Loading...

Вложувањата на компанијата би требало да изнесуваат 500 милиони евра, вели премиерот.

– Следен проект е германската инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра, инвестиција согласно законот за стратешки инвестиции. Инвеститорот го достави целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори. Позитивно е тоа што овде немаме обврска ниту за фидинг тарифи, ниту за премиуми, изјави Заев.

Како што појасни премиерот, станува збор за инвеститотор кој веќе има изградено 5.000 мегавати од кои 500 мега-вати ветеренци на Балканкот.

Инвестицијата е дел од инвестицискиот план што премиерот Заев го претстави во саботата.

Никола Ивановски

Leave a Reply