Германската армија случајно издаде униформи со ознаки кои ги шокираа сите

Сподели со своите пријатели

Германската армија по грешка добила униформи со ознаки „СС“, а тие букви требало да ги означуваат најмалите униформи и да бидат кратенка од англискиот збор за „мало“ – small.

Loading...

Двете букви „С“ се појавија на кацигите, вреќи за спиење и водоотпорните јакни што ги добија војниците.

Во меѓувреме, германското сојузно министерство за одбрана нареди отстранување на борбената опрема, но не објави фотографии од униформите, пишува Дневник.хр.

Многумина ги паметат тие иницијали како кратенка за единицата Шуцштафел, која првично беше основана како лична заштита на Адолф Хитлер пред единицата да се претвори во огранок на Третиот Рајх.

Германскиот закон забранува секаква иконографија од нацистичката ера, дури и регистарските таблички на автомобили со буквите „СС“ се забранети, пишува The Jewish Chronicle.

Од Министерството за одбрана соопштија дека не е познат бројот на артикли кои се произведени со овие ознаки, но тврдат дека ги нема многу.

Станува збор за многу мал број јакни и сите ги истражуваме“, изјави портпаролот на министерството.

„Штом дознавме што се случило, побаравме да се ослободиме од тие траги. Во моментов сме во контакт со производителот за да истражиме што се случило. Знаеме дека на јавноста и изгледа многу чудно, па веднаш решивме да го решиме тој проблем. Кога ќе ги имаме резултатите од истрагата, ќе одлучиме за понатамошни дејствија“, додаде тој.

Loading...