Угледната германска аналитичка ТВ програма ги шокираше своите гледачи кога за викенд објави лажна вест дека руските сили влегле во една балтичка земја, пренесува РТ.
Не е јасно дали ова е направено за да се најдат во центарот на вниманието, или целта била некој вид на пропаганда.
– Заедно со европските и германски сојузници, американската војска моментално се движи по копно, воздух и море за да дојде до Естонија и да ги протера руските сили кои ја нападнале земјата, како што тоа го сторија и со Крим, рекол водителот на германскиот национален јавен сервис ZDF, Клаус Клебер.
И додека милиони гледачи биле шокирани од она што се случува и што гледаат, водителот на крајот објавил дека е шега.
– Не грижете се. Не е точно. Ова е само фантазија, но и многу реално сценарио, зар не?, рекол тој.
Клебер истакнал дека оваа вест е објавена за да на луѓето им се стави до знаење дека војната е неизбежна и дека Германија ќе мора да ги брани и своите најмали сојузници како Естонија.
Кај ваква „шега“ се поставува прашањето што би се случило кога некои руски медиуми би ја објавиле сличната информација, дека на пример НАТО нападнал некој руски град.
Дали би можело да мине како шега или тоа би било сфатено како провокативно новинарство, со коментар дека Кремљ неодговорно потикнува тензија?